ИН МЕМОРИАМ
Денеска на 83-годишна возраст почина Вардаровaта легенда, Мирко Илиевски.
Илиевски беше фудбалер на Вардар од 1956 до 1964 година, а беше еден од заслужните во освојување на Купот „Маршал Тито“ во 1961 година, кога имаше една аситенција и беше стрелец на еден гол во триумфот од 2:1 над Вартекс.
За Вардар одигра 325 натпревар, и постигна 89 голови. Илиевски исто така ги одигра и двата премиерни натпревари за клубот на европската сцена, кога Вардар во сезоната 1961/62, ги одмери силите против шкотскиот Данфермлајн, во Купот на Националните Куп Победници.
Илиевски во 2016 година беше одликуван со наградата “13 Ноември“ од Град Скопје за животно дело и особени заслуги во развојот и унапредување на спортот.
ФК Вардар упатува сочуство до семејството и најблиските на Мирко Илиевски.
Нека му е вечна слава, нека почива во мир!